Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Командирот во затвор „К’шање“, завчера во 16.45 часот во СВР Куманово, пријавил пожар во крилото за странци каде била опожарена ќелија од страна на затвореници.
Од извршениот увид било констатирано дека во затворот на вториот кат влезната врата од ќелија била отворена, а во истата имало опожарени душеци од кревети. Од извршениот разговор со вработените во затворот утврдено било дека пожарот бил предизвикан од затвореникот Н.Р. (34) од Косово, кој запалил два душеци, по што излегол надвор и ги скршил двете камери кои биле поставени во ходникот од крилото.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk