Затвореникот од Старо Нагоричане починал во болница во Крива Паланка, а не во затворот Кшање, информираат од КПУ

19.06.2021 17:11 | KumanovoNews

Затвореникот од село Старо Нагоричане, ноќеска починал во болница во Крива Паланка, а не во затворот во Кшање, информираат од Казнено поправната установа Куманово.

Затвореникот од Старо Нагоричане починал во болница во Крива Паланка, а не во затворот Кшање, информираат од КПУ

Директорот Ненад Цветковиќ, ги отфрла информациите дека затвореникот е пронајден мртов во затворска ќелија во Кшање, бидејќи тој ја отслужувал казната во отвореното одделение во Крива Паланка.

„Ноќеска околу 2 часот по полноќ на осуденото лице му се слошило. Веднаш бил однесен во болницата во Крива Паланка во придружба на наши вработени. Лекарите му пружиле помош, по што препорачале да се пренесе во Кумановската болница. Тогаш на лицето му се влошила здравствената состојба и почина. За случајот веднаш бил известена полицијата и јавен обвинител“, изјави Цветковиќ за Кумановоњуз.

Информацијата дека затвореник од Старо Нагоричане е пронајден мртов во затворската келија во Кшање, ја сподели МВР во дневниот билтен, а медиумите ја пренесоа.

„На 19.06.2021 во 02.45 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Затвор „Кшање“, во отвореното одделение, бил пронајден починат затвореникот М.Ј.(58) од с.Старо Нагоричане, кумановско. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, стои во објавата на МВР.


(С.Н)
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk