Затворениот базен отворен за граѓаните

26.12.2016 14:07 | KumanovoNews

 Граѓаните конечно ќе можат да се капат во Затворениот базен во Куманово. Ова го соопштија надлежните од јавното претпријатие и општината.

Затворениот базен отворен за граѓаните

Дневниот билет за еден час ќе чини 100 денари, неделната влезница е 500 денaри и месечната 2000 денари. Работното време е од 8 до 22 часот.

За граѓаните се предвидени термини од 11 до 14 часот и од 17 до 22 часот во работни денови и од 8 до 11 часот и од 17 до 22 часот за викенд. Останатите темини се за спортските клубови и училишните активности.

Затворениот базен беше пуштен во употреба на крајот на август, а за училишниот спорт започна со работа во октомври. Наjдолго чекаа граѓаните поради добивањето на сите дозволи и примопредавање на објектот од општината на ЈП „Чистота и зеленило„, кое стопанисува со спортскиот објект.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk