Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Козјачкото село Арбанашко е отсечено од соседните села поради големи снежни наноси.
Мештаните се јавиле во Регионалниот центар за управување со кризи, за да пријават дека патиштата се завеани и нема проток на возила и луѓе.
„Отежнат и делумно оневозможен е сообраќајот на луѓе и моторни возила. Како посебен проблем го имаат нагласено оневозможувањето на движење на учениците до нивните училишта или евентуално и возилата на Итна медицинска помош. Наведени се патните правци Арбанашко-Буковљане, Арбанашко-Цветишница и Арбанашко - Длабочица“-стои во соопштението од РЦУК.
Од општина Старо Нагоричане велат дека состојбата не е алармантна, иако има соспи на патот. Снегот се топи, а денеска ќе ја разгледаат состојбата и ќе преземат мерки доколку е потребно.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk