Заврши гасификацијата на Кумановската болница

11.12.2021 09:36 | Сузана Николиќ

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово. Директорот на ЈП „Куманово- гас“, Никола Денковски, објави дека во тек е пробна работа на системот, по што и официјално ќе започне затоплувањето на природен гас.

Заврши гасификацијата на Кумановската болница

„Проектот за изградба на комплетно нова дистрибутивна гасоводна мрежа, нова гасна котлара, поставување на гасна опрема и изградба на приклучна делница од дистрибутивната гасоводна мрежа, целосно е завршен. Во тек е пробна работа во која сите финални подесувања и интервенции ќе бидат извршени, по што и официјално Општата болница целосно ќе се затоплува на природен гас“, вели Денковски.

Дека завршиле работите на инсталирање на систем за затоплување на гас во болницата, се пофали и министерот Венко Филипче.

„Заврши гасификацијата на Општа Болница Куманово, оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас. За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа“, објави Филипче.

Во изминатите години како најголем загадувач на воздухот во Куманово беше посочувана токму Општата болница, бидејќи за затоплување користеше нафта и мазут.

Со гасификацијата ќе се заштедат и средства, бидејќи болницата годишно за греење троши околу 50.000 евра, се затоплува површина од 4.500 метри квадратни во повеќе објекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk