Заврши изградбата на кејот кај Стариот градски парк

07.09.2018 08:51 | KumanovoNews

Заврши изградбата на кејот на реката Липковска, од стадионот Башкими до мостот во населбата Средорек. 

Заврши изградбата на кејот кај Стариот градски парк

Тоа е втората фаза од проектот за уредување на речното корито на Липковка, проект кој се реализира преку УНДП, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија и Општина Куманово.

Реализација од првата фаза од Средорек до „Мај маркет„ е прекината, поради големиот број на дивоградби во речното корито на локалитетот „Водовод“.

 - Наскоро ќе започнат работите и на првата фаза, а во меѓувреме Општината ќе побара кофинасиери и донатори за третата фаза на рчното корито и веќе се изработува проекна документација за проширување на постоечкиот мост во Средорек, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.  

 Истовремено ќе се работи и на уредување на Стариот градски парк, како и чистење на речните корита за кои општината издвоила 2 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk