Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над четириесет дела беа создадени на меѓународната ликовна колонија Карпино, која по 12 пат се одржа во комплексот Грација.
На колонијата зедоа учество 14 уметници од Македонија, Бугарија, Србија и Белгија.
- Она што го зацртавме за оваа година го исполнивме. Колонијата помина во извонредна атмосфера, со многу дружење и забава. Уметниците создадоа извонредни дела, кои ќе имаат можност да ги види публиката во повеќе градови- изјави Зоран Павловски, претседател на мултимедијалниот центар Карпино.
Уметниците денеска ќе ја посетат црквата Свети Ѓорѓи во селото Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ, по што ќе си заминат.
Импресиониран сум од пречекот и организацијата на колонијата. Досега не сум бил на вака добро организирана колонија. Видовме многу работи и ќе понесеме премногу убави впечатоци од Куманово. Јас и мојата сопруга Маја изработивме 9 слики, со различни мотиви и икона- вели уметникот Дарко Николиќ од Ниш.
Тие велат дека со задоволство ќе дојдат на колонијата и наредната година доколку бидат повикани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk