Заврши ликовната колонија “Карпино“

04.09.2019 09:16 | KumanovoNews

Триесетина дела се создадени на 17.  Меѓународната ликовна колонија „Карпино“, која синоќа беше затворена во комплексот „Грација“.

Заврши ликовната колонија “Карпино“

На свеченоста беа изложени делата, а беа поделени и благодарници на учесниците и луѓето кои ја помогнаа организацијата.

„Задоволни сме од продукцијата, има над 30 квалитетни дела, различни по начинот на работа.Уметниците многу добро твореа, се дружеа и разменуваа и пренесуваа искуства едни на други. Карпино има идеја да афирмира млади уметници оваа година тоа е Бојана, студентка, затоа ги ангажиравме и младите уметници од Виница во музичкиот дел. На наше задоволство една убаво завршена ликовна колонија“, - изјави Зоран Павловски, директор на мултимедијалниот центар Карпино.

Изложбата ја затвори градоначалникот Максим Димитриевски, кој истакна дека колонијата стана бренд на овие простори и пошироко, и изрази надеж дека еден ден уметниците повторно ќе можат да творат на светото место во манастирот Карпино.

Пошироката јавност сликите ќе ги види на изложба по повод Денот на градот 11 Ноември.

На годинешната Меѓународна ликовна колонија “Карпино“, петнаесет уметници од Италија, Србија, Хрватска и Црна Гора и Македонија твореа 8 дена во комплексот Грација, а ги посетија локалитетот Куклици, Кратово, Лесновскиот манастир, Пробиштип, Зебрњак и Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk