Заврши манифестацијата „Месецот на книгата“

16.11.2021 22:07 | Сузана Николиќ

Со доделување на дипломи и книги, денеска во Основното училиште „ Христијан Карпош“, заврши манифестација по повод  „Месецот на книгата”, која што ја организираше библиотеката „Тане Георгиевски” во Куманово. 

Заврши манифестацијата „Месецот на книгата“

На манифестацијата беа наградени најуспешните прозни, поетски и ликовни творби на учениците, но и најуспешните од општинскиот натпревар „Млад библиотекар”. 

Годинава учесниците на конкурсот твореа на темата „Книгите се уникатно пренослива магија“, информира директорката на библиотеката Христина Алексовска.

Дипломи за најдобрите поетски творби од основните училишта и средни училишта добија повеќе ученици, но првото место и припадна на осмоодделенката Мила Ивановска од „Крсте Мисирков“, прво место освои и Илина Арсовска, ученичка од осмо одделение во „Кочо Рацин“ за најдобра прозна творба, поетската творба на матурантката Сандра Цветкова во „Перо Наков“ е прогласена за најдобра, а диплома за најдобра прозна творба и беше доделена и на Мила Алексовска, трета година во гимназијата „Гоце Делчев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk