Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот народен театар со премиерата „Бегај, еве ја жена ти 2„ (Па не баш) во режија на Коле Ангеловски, завчера вечер го затвори годинешниов 19. Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2016„ во Куманово.
Режисерот Ангеловски е задоволен од позитивните реакции на публиката и се надева дека и оваа претстава ќе го постигне успехот на првата комедија „Бегај, еве ја жена ти“, која беше најгледана претства во Кумановскиот театар.
Во претставата играат Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски и Давид Илиќ.
Директорот на Центарот на култура "Трајко Прокопиев", Сашо Костовски, вели дека фестивалот ги надминал нивните очекувања во однос на посетеноста и квалитетот на претставите.
"Сите ансамбли што се претставија наидоа на голем одѕив и одобрување кај кумановската публика. Задоволни сме од преполните сали, од квалитетот на претставите, од реакцијата на публиката која постојано се смееше, генералната оценка е дека имавме успешен фестивал. Имавме ефективно отворање со комедијата "Име" на Театар комедија од Скопје, со одлична актерска екипа пред преполна сала. Воведот ни даваше влезница за понатамошните претстави. Како по обичај претставите од Србија и Бугарија предизвикаа најголем интерес и со својата игра го оправдаа тоа, инаку и театрите од Македонија што дојдоа се потрудиле да направат квалитетни комедии, некои и специјално за нашиот фестивал. Генерална оценка е дека сите подеднакво предивикаа интерес кај публиката и успех со своите ансамбли",- изјави Костовски.
Во рамките на 19. Меѓународен фестивал на комедијата се одиграа 13 претстави од Македонија, Србија, Бугарија и Косово. Меѓународен фестивал Денови на комедија 2016 во Куманово се одржува под покротителство на Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk