Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десет менаџери од кумановски компании се стекнаа со знаење од областа на менаџерството на 12 дневна обука преку проектот „Лидерство и мотивација-занимање или професија„, што ја организираше Фонадацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово.
На обуката учествуваа раководители и управители на фирми, кои совладаа одредени вештини за лидерството, управувањето со човечките ресурси и бизнис процесите во самата фирма.
Фокусот беше ставен во делот на нови методологии, како што е воспоставувањето на стратешките планови за малите и средните претпријатија, неопходноста од нивно воспоставување, користењето на методологијата на баланс корд карти, воспоставување на систем за мерење на изведбата или перформансите, значи сите оние елементи кои се во современите менаџмент процеси, а да почнат да ги користат и управителите во овој регион- вели Јане Вртевски, тренер обучувач на проектот од консултантската куќа Балкан.
Целиот проект е тренинг- академија за подобрување на менаџмент вештините и тие ќе продолжат индивидуално во фимите. Обуката покажала дека кумановските бисмени се заинтересирани да направат исчекор во развојот на фирмите и да воведат нови процеси, услуги и да го зголемат бројот на вработените.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk