Заврши проектот за општинско-корисна работа во Нагоричане

22.12.2015 13:22 | KumanovoNews

Во општина Старо Нагоричане заврши проектот за општинско-корисна работа за 2015 година, кој се спроведуваше во соработка со канцеларијата на УНДП во Скопје.

Заврши проектот за општинско-корисна работа во Нагоричане

Во проектот беа вклучени 4  лица од општина Старо Нагоричане, кои им пружаа помош на 20 стари лица кои живеат сами.

Помошта се состоеше од секојдневни посети во нивните домови, купување основни намирници и прехранбени артикли од локалните продавници како и купување на лекови и помош при одење на лекар. Се надеваме дека и во наредната 2016 година повторно во соработка со УНДП ќе имаме можност да спроведеме и други проекти - вели Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.

На учесниците во проектот градоначалникот Милован Стојковски денеска им додели сертификати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk