Заврши пролетната дезинсекција и дератизација

01.07.2014 10:52 | KumanovoNews

Заврши пролетната дезинсекција и дератизација, информираа денеска од општина Куманово.

Заврши пролетната дезинсекција и дератизација

Третирани се голем број зелено - цветни површини во градот, а дератизација е направена на 1600 шахти од што резултатите ќе се видат во наредниот период.

  - Резултатите во однос на третирање на крлежи се видливи по пријавите што ги имавме од граѓаните и општина Куманово. Резултатите од дератизација  очекуваме да се видат во наредните денови. Општина Куманово е единствена во Република Македонија која ова го прави два пати годишно, во пролет и есен - кажа Гордан Таневски, комунален редар во општина Куманово.

 За двете акции се потрошени околу 10.000 евра.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk