Заврши реконструкцијата на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

13.08.2021 07:56 | Сузана Николиќ

Објектот во којашто се наоѓал некогашниот хотел „Солун“ на ул. Иво Лола Рибар, а е дел од културното наследство на Општина Куманово целосно е реновиран и ќе добие нова функција. Тој во иднина ќе се користи како место на кое граѓаните и туристите ќе имаат можност да се информираат за туристичкиот потенцијал на општината.

Заврши реконструкцијата на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

 „Приземјето на зградата и понатаму ќе го користи Здружението на ветерани на Куманово, додека на катот ќе биде сместена инфо-точка, за туристички потреби на градот. Уште не е конечно одлучено, но најверојатно тука ќе се вселат и дел од административните служби, кои работат на проекти. Ќе добиеме еден функционален простор кој му недостасуваше на градот, а од аспект на традицијата заштитен е еден објект кој ја покажува архектурата на старо Куманово“,- изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за евроинтеграции.

Со проектот е изврешна конзервација, реставрација, санација и адаптација на зградата, како и опремување на просториите со мебел. Сите зафати се спроведени под надзор на Конзерваторскиот центар од Скопје.

Целиот проект „Заедничка историја и култура, мост преку границите“, кој покрај реконструкција на објектот опфаќа и други активности чини 225 илјади евра европски пари. Средствата се обезбедени од програмата за меѓугранична соработка, кој го реализира Општина Куманово заедно со Општина Дупница од Република Бугарија. Вкупниот износ на целиот проект изнесува 481.699 евра, а Општина Куманово доби 220.483 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk