Заврши реконструкцијата на училиштето во Умин Дол

01.07.2022 09:42 | Сузана Николиќ

Заврши реконструкцијата на ООУ „Карпош” во с.Умин Дол – Куманово, која траеше 4 месеци.

Заврши реконструкцијата на училиштето во Умин Дол

Реконструирани се покривот, подовите и тоалетите, заменети се прозорците и вратите, а инсталиран е и нов систем за парно греење на пелети. 

Објектот доби енергетски ефикасна фасада и нова водоводна и електрична инсталација, пристапни рампи за учениците со попреченост и нов инвентар, клупи, столчиња, табли.  

Реконструкцијата се реализира во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и Општина Куманово.

Во присуство на претставници од Министерство за образование и наука (МОН), раководителот на сектор за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ и претставниците на училиштето, пред два дена се изврши официјално примопредавање на реновираниот објект.

Основното училиште „Карпош“ е деветгодишно и во него учат стотина ученици од прво до деветто одделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk