Учениците од Умин Дол ќе учат во реконструирано училиште

01.09.2022 22:14 | Сузана Николиќ

Учениците од Умин Дол и околните села денеска ја започнаа наставата во реконстуирано училиште. Проектот за реконструкција на централното училиште „Карпош“ се  реализира со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука и Општина Куманово.

Учениците од Умин Дол ќе учат во реконструирано училиште

Овој проект опфати реконструкција на кров, подови и тоалети, нови прозорци и врати, нова енергетско-ефикасна фасада, санитарни јазли и делумно нов ентериер, нова електрична инсталација со нов систем за греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост.

На свеченото отворање, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски упати благодарност до ресорното министерство и ЈП „Куманово план“ за реализираниот проект и воедно информираше дека последната
капитална инвестиција во Куманово во сегментот на образование е 1987 година.

Присутните ги поздрави и директорката на училиштето Тања Тодоровска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk