Заврши реконструкцијата на внатрешноста на Занатскиот дом

30.12.2016 18:07 | KumanovoNews

Заврши реконструкцијата на внатрешниот дел на Занаетчискиот дом во Куманово.

Заврши реконструкцијата на внатрешноста на Занатскиот дом

На местото на некогашното кино Напредок сега се наоѓа современ простор каде ќе се одржуваат културни настани, а ќе се користи и за венчавки. Проктот чини 18 милиони денари од кои две третини обезбеди  Центарот за развој на североисточниот плански регион, а една третина општина Куманово.

„Ова прекрасно здание од денеска ќе се користи за повеќе намени, а пред се за концерти, изложби, промоции, прием на гости и се друго што е во интерес на градот. Многу одамна сакавме да го оспособивме овој објект, но успејавме да го реализираме преку проект на Центарот за развој на североисточниот регион, - изјави Дамјановски.

Во првата фаза од реконструкцијата извршена е замена на вратите и прозорците, замена на водоводната и електрична инсталација, санитарни јазли, осветлување и греење. Во втората фаза преостанува да се реконструира надворешниот дел на зградата за што се чека согласност од Конзерваторскиот центар од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk