Заврши реконструкцијата на железничкиот мост на „Никола Тесла“, улицата пуштена за сообраќај

14.11.2018 06:49 | KumanovoNews

Пуштена е за сообраќај улицата „Никола Тесла“, откако заврши реконструкцијата на железничкиот мост, кој е дел од делницата Куманово – Бељаковце.

Заврши реконструкцијата на железничкиот мост на „Никола Тесла“, улицата пуштена за сообраќај

Од претпријатието кое ги изведуваше градежните работи информираат дека реконструкцијата и рехабилитацијата на постојниот железнички мост (надвозник UP42) е дел од проектот за рехабилитација на Железничкиот коридор 8.

Додека дел од улицата беше затворена, сообраќајот се одвиваше по заобиколен пат приспособен од изведувачот, откако жителите на селата Долно и Горно Којнаре и Речица реагираа, затоа што мораа да кружат по 4- 5 километри за да стигна дома.

 Реконструкцијата на железничкиот мост започна  на средината на јули годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk