Заврши учебната година

10.06.2016 12:51 | KumanovoNews

Околу 270.000 ученици денеска ја завршија учебната 2015/16 година.

Заврши учебната година

 Од нив 187 илјади во основното и 81 илјада во средното образование.  

Учениците деновиве имаат екстерно тестирање по два предмета, од кое резултатите се очекуваат на 17-ти јуни. На 13-ти јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29-ти јуни.

Матурантите, пак, овој месец ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура од која им зависи запишувањето на факултет во август.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk