Заврши учебната година

10.06.2015 08:55 | KumanovoNews

За околу 17.000  ученици во општина Куманово денеска завршува учебната година.

Заврши учебната година

Во училиштата денеска се одржуваат скратени часови, а утре ќе се знаат и резултатите од екстерното тестирање.

“Се држат скратени часови, се враќаат учебници и школската година завршува. Утре ќе ги имаме резултатите од екстерното тестирање. Резултатите ќе ги симнеме од системот, ќе ги испечатиме и истакнеме на огласна табла. До 15 јуни учениците можат да поднесат приговор за екстерното тестирање. Сведителства први ќе добијат учениците од деветолетка, за да се запишат во јунскиот рок во средни училишта, а потоа и сите останати ученици“ - вели Надица Петровска, директорка на  основно училиште “Вук Караџиќ“.

За сите основци и средношколци денеска започнува летниот распуст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk