Заврши уписот на првачињата

08.06.2011 07:49 | KumanovoNews

Законскиот рок за упис на првооделенци во основните училишта помина. Родителите кои се уште не ги запишале децата тоа можат да го сторат најдоцна до 31 август годинава, доколку има места во училиштето.

Заврши уписот на првачињата

Според, податоците на Секторот за образование од општина Куманово 1500 деца родени во 2005 година имаат право да се запишат во прво одделени во учебната 2011/12 година.

"Во Куманово, статистиката покажува дека последниве години многу е мал процентот деца кои не се запишуваат во прво одделени. Тој мал дел се однесува на децата од ромската заедница, пред се поради социјалната состојба и преселбите во периодот кога треба да ги запишат децата на училиште. Добар дел од нив се запишуваат во септември"- вели Миле Стојменовиќ раководител на Секторот образование.

Во општина се почитува и реонизацијата при уписот на децата во основното образование.Сепак, законски дозволено е родителот да го запише ученикот и во училиште кое самиот го одбрал, но само во случај, ако истото училиште има слободни капацитети за прием на ученици

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk