Заврши жетвата во Кумановско

04.08.2011 15:27 | KumanovoNews

 Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане заврши жетвата. Приносот на пченицата достигна 4.000 килограми од хектар, на јачменот 3.500 килограми, а на ржта 3.000 килограми.

Заврши жетвата во Кумановско

Земјоделците се жалат дека подот не е на задоволително ниво, затоа што регионот на почетокот од летото беше зафатен со силно невреме и град.

Годинава беа засеани 20.740 хектари земјиште од индивидуалните земјоделци и стопанствата.Најголем дел од површината отпаѓа на пченицата 11.290 хектари - информираат од Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk