Заврши зимскиот распуст, денеска почна второто полугодие од учебната година

20.01.2025 09:06 | KumanovoNews

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се вратија на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.

Заврши зимскиот распуст, денеска почна второто полугодие од учебната година

Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025.

Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани.

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk