Заврши зимскиот распуст, учениците денеска на училиште

23.01.2017 09:31 | KumanovoNews

 За околу 16.200 ученици, од кои 10.800 основци и 5.300 средношколци од Куманово, денеска започна второто полугодие од учебната 2016/2017 година, откако заврши зимскиот распуст.

Заврши зимскиот распуст, учениците денеска на училиште

Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари), по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за да се избегне опасноста од ширење на грипот.

Од Секторот за образование во Општина Куманово информираат дека наставата започнала без проблеми во сите основни и средни училишта, бидејќи за врема на распустот биле отстранети сите дефекти на системите за затоплување, кои настанале поради екстремно ниските температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk