Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Истражувањата на локалитетот Црквиште кај кумановското село Клечовце ќе завршат утре.
На познатиот стар римски град Визианус археолозите работат трета година по ред. Откритијата покажале дека тука постоеле два слоја на живеење, едниот е од 4 -5 век, а другиот кон крајот на 11-ти и почетокот на 12 –ти век.
Археологот Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово вели дека оваа година го откриле северниот дел на црквата и топлиот дел од римскиот бањски комплекс. Со ова целосно е отворен влезот на ранохристијанската базилика, која зафаќа голема површина.
“Отворено е предворјето на самата црква и таму откривме интересни наслојувања, еден слој од среден век и слој кој што бил дел од римската бања. Делот кој што се користи во средниот век, односно некои ѕидови се наследени од римската бања и се преадаприрани за да се користи црквата„-вели Ѓорѓиевски.
Директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска објасни дека се работи за исклучително важен локалитет и Министертвото за култура дава целосна подршка за истражување на Црквиште.
“Се работи за цел римски град кој се протега на површина од 14 хектари. Станува збор за огормно културно наследство со кое располага кумановскиот крај„ - изјави Цветановска.
Тимот од Музеј Куманово се надева дека и во 2016 година ќе продолжат ископувањата на Црквиште, локалитет кој има добра местоположба и може да биде атрактивен за туристите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk