Завршна манифестација на проектот “Коцка“

12.12.2015 12:39 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се одржа завршна манифестација од проектот “Коцка-простор за интеркултурна и етничка акција“, кој се спроведе во Младинскиот центар “Мулти-Култи“.

Завршна манифестација на проектот “Коцка“

Проектот траеше две месеци и се реализираше со поддршка на УНДП. Опфатени беа млади луѓе од градот, при што беа обработени повеќе теми на различни работилници.

“Се состоеше од четири работилници, театар, драма и перформанс, уметност од рециклирачки материјали, дебатирање и човекови права. Беше наменет за средношколци, за сите средношколци од целиот град и беше двојазичен на македонски и на албански јазик. На овој настан можеме да ги видиме финалните резултати што младите сработија за овие два месеци“-изјави Александра Михајловска, координатор на “Коцка“.

Изложени беа дваесетина дела од рециклирани материјали, беше прикажана претставата “Партија шах“ и дебата.

“Драго ние што и по 9 мај во Тоде Мендол, за нас е чест што младите кумановци се дружат и не видоа никаква бариера. Мило ни е за тоа, и тоа ни беше целта да ги зближиме младите во Куманово. Можете да видите изложба и да уживате во драмата што претстои“- рече Нами Исаки, координатор на проектот.

Кумановци уживаа во музиката и претставата и имаа можност да се дружат со врсниците од другите етнички заедници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk