Завршна манифестација од Месецот на книгата во „Кочо Рацин“

13.11.2015 15:03 | KumanovoNews

Завршната манифестација по повод Месецот на книгата денеска се одржа во основното училиште „Кочо  Рацин“.

Завршна манифестација од Месецот на книгата во „Кочо Рацин“

Месецот на книгата трае од 15 октомври до 15 ноември, и по тој повод во “Кочо Рацин“ имаше пригодна програма. На распишаниот литературен конкурс пристигнале 87 творби, а  на ликовниот 147 ученички творби.

Ги доделивме наградите на најуспешните учесници на годинешниов награден литературен и ликовен конкурс и на добитниците на наградите „Млади библиотекари“,  а училиштето направи прекрасна програма - изјави Нада Ивановска, директорка на „Тане Георгиевски“.

Професорката по македонски јазик, Маја Стојановска рече дека за книжевниците овој ден е посебен.

Децата се презадоволни како и ние од наградите кои што ги додели градската библиотека „Тане Георгиевски“,  но исто и од програмата која ја подготвивме, а беше во насока што повеќе да се читаат книги и мојот апел како професор е читајте книги, не ја заборавајте книгата - рече таа.

На прославата присуствуваа и деца од „Наим Фрашери“, како и писателите Христо Петрески и Фејзи Бојку, со кои учениците се запознаа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk