Здравствениот дом доби донација од Стопанска банка

26.12.2014 15:02 | KumanovoNews

Стопанска банка денеска донираше осум апарати на одделот за вакцинација во Здравствениот дом Куманово.

Здравствениот дом доби донација од Стопанска банка

Се работи за инхалатори, аспиратори, ваги за мерење и други апарати, кои ќе се користат при лекување и прегледи на бебиња.

Насмевката на децата не радува сите, и сакам да изразам голема благодарност за овој хуман гест до Стопанска банка. Ваква донација не сме имале досега, ова е прв пат. Кога сме ја обновувале опремата тоа било со наши средства. Пред месец или два купивме вага и да знаевме дека ќе ни донираат немаше да купиме - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

Од Стопанска банка велат дека цела година донираат по повод 70 години постоење на банката.

Веруваме дека оваа опрема ќе помогне на стручниот тим овде во медицинската грижа за најмалите. Хуманитарната акција е насловена „Подари насмевка“. Сакавме на најадекватен начин тој успех, бренд, традиција да го споделиме со сите во нашето општество - рече Тони Стојановски, генерален директор на Стопанска банка.

Опрема е донирана и на скопските клиники и во три други градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk