Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдено е решение за двата проблеми на здравствените работници, коишто се заразија со коронавирус на работното место, па мораа сами да го плаќаат лекувањето, а заради користење на боледување требаше да им се намали платата.
- Најдено е решение во однос на боледувањето тоа ќе се имплементира преку измена во правилникот во Министерството за труд и социјална политика, каде целосно ќе биде покриена плата. Најпрво од работодавецот првиот месец, а потоа од Фондот. Кај сите здравствени работници коишто се заболени од оваа болест, ќе се третира како професионално заболување, - изјави министерот Венко Филипче.
Во однос на партиципацијатата за лекувањето, министерот најави решение за следната недела.
Единствено можно решение беше преку измената во програмата за партиципација, во рамки на Министерството за здравство и ние тоа ќе го направиме во текот на следната недела. Значи за двата проблеми, најдовме решение. Едното е спремно, другото следната недела, - изјави Филипче.
Здравствените работници се пожалија дека поради тоа што КОВИД-19 не е професионално заболување, тие ќе добијат пониска плата, а пред тоа сами си ги покриле трошоците за лекувањето, иако болеста ја добиле на работа додека помагале на заболени пациенти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk