Здружението на фризери бара помош од државата и Општина Куманово

28.03.2020 12:44 | KumanovoNews

Здружението на фризери од Куманово, бара финанскиска помош од надлежните државни и локални институции, за да ги надминат проблемите со кои се соочува поради кризата со коронавирусот.

Здружението на фризери бара помош од државата и Општина Куманово

- Со новнастаната состојба, поради коронавирусот, сметаме дека е потребно и ние како дел од стопанството, кое во моментот е целосно блокирано, да бидеме опфатени со мерките за помош на Владата и Општината.  Наш предлог е да се ослободат занаетчиите од придинеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира ситуацијата во државата, - вели Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“.

Таа, во името на нејзините колеги, бара доколку се одржи седница на Совет на Општината Куманово, за надминување на кризата во стопанството и доколку бидат викнати претставници од Стопанската комора и Комората на занаетчии, да бидат поканети и претставници на Здружението на фризери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk