Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово, во четврток организира меморијална крводарителста акција „Александар Ковачевски„.
„Традиционалната акција ќе се одржи на 5 мај од 10.30 до 13.30 часот во просториите на клубот Х.Т. Карпош. Се очекува да земат учество нашите членови - крводарители и припадници на АРМ, МВР и Народна одбрана„, - изјави Борко Стојановски, портпарол на ЗАПВАРС.
Здружението за наредниот месец најавува повеќе активности. На 4 мај ќе положат цвеќе пред бистата на Тито на плоштадот во Куманово, на 7 мај ќе го одбележат Денот на безбедноста и на 25 Денот на младоста. Членовите на здружението на сите граѓани од православна вероисповест им ги честитаат Велигден, а на работниците Први Мај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk