Работилница за декорирање на велигденски јајца организира здружението „Живот“

02.05.2024 09:42 | Оливера Пешевска

Креативна работилница за декорирање на велигденски јајца ќе се одржи утре од 11 часот во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Манифестацијата се одржува по трет пат, а ја организира Здружението „Живот“.

Работилница за декорирање на велигденски јајца организира здружението „Живот“

На работилницата освен пријавените ученици од основни и средни училишта, здруженија и тимови од Куманово и неколку други општини од Македонија, и претставници од различни верски заедници, можат да учествуваат и сите заинтересирани и креативни граѓани.

„Мотото на манифестацијата е „Велигден ист- на различен начин“ , па со вклучување на различни верски и етнички заедници придонесуваме за поголема соработка и соживот меѓу заедниците. Работилницата е само еден настан во низа, подоцна на 9 мај ќе вршиме избор на најубаво декорирано јајце, натпревар во кршење за избор на најцврсто јајце и литературно читање на творби од активниот литературен конкурс“, истакна Благица Гавриловска Цветковиќ, од Здружението „Живот“.

На изминатите две работилница се украсувале и декоративни корпи за јајца, но организаторите велат дека поради пролетниот распуст на учениците одржувањето и на конкурсот и на работилницата се малку изместени. Но, затоа очекуваат на прогласувањето на победниците поголем одѕив.

Литературни творби – поезија на тема „Јајцето на Воскресениетос- симбол на нов живот“ можат да се испраќаат до 6 мај по елетронски пат. Право на учество имаат ученици од 6-то до 9-то одделение и учениците од сите четири години во средните училишта во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk