Зелен ѕид од дрвореди најави кандидатката за советничка Вељковиќ

03.10.2021 06:12 | Сузана Николиќ

Се залагаме околу училиштата да се направи „Зелен ѕид” од дрвја со цел да се намали загаденоста во училишните дворови, каде децата за време на одмор и на часовите по физичка активност, престојуваат. И не само тоа, на тој начин ќе се зголеми и бројот на садници, односно зеленило, изјави Олгица Вељковиќ – кандидат за советник од „Движењето одлучно за промени“, на коалицијата ЛДП и ДОМ.

Зелен ѕид од дрвореди најави кандидатката за советничка Вељковиќ

 „На ниво на општина Куманово и приградските населби, училиштата се наоѓаат на фреквентни сообраќајници.  Ако сакаме да сме европски град тогаш и треба да се стремиме да имаме 25м2 по жител зеленило“, додаде Вељковиќ.

Таа потсети дека Куманово е меѓу четирите најзагадени општини во државата. Повеќе фактори влијаат на тоа, а пред се индустријата, издувните гасови од автомобилите и јавниот превоз, енергенси за затоплување на јавните установи и домаќинства, неплански градби, несовесно депонирање и палење на сметот допринесуваат за квалитетот на амбиентниот воздух. 

„И за крај секако, оваа фотографија ќе беше попријатна за гледање ако зад нас имаше дрвореди“, заврши Вељковиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk