Зелените пазари ќе работат три дена во неделата

31.03.2020 15:12 | KumanovoNews

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Куманово, денеска го задолжи ЈП „Пазаришта“ Куманово да ги отвори зелените градски пазари за да можат граѓаните да се снабдуваат со прехранбени и земјоделски производи.

Зелените пазари ќе работат три дена во неделата

- Тоа да се одвива под посебен режим на работа во деновите вторник, четврток и недела со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во тој период да се воведе задолжителна редарска служба. Купувачите да се контролираат и да носат заштитни маски, а продавачите ракавици и заштитни маски. Да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од 2 метри помеѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе. По завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира целата површина на пазарот, - соопштуваат од Кризниот штаб.

Од таму напоменуваат дека градските пазари ќе се користат исклучиво за продажба на земјоделски производи и прехрамбени продукти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk