Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Железничката пруга од Куманово до Бељаковце се очекува да биде готова за 18 месеци, а во рок од три до четири месеци да заврши тендерската постапка за делот од Бељаковце до Крива Паланка по што би почнала и нејзината изградба.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на прес-конференцијата во Владата информираше за Предлог-буџетот за 2019 година во делот на транспортот, пришто истакна дека на потегот од Куманово до Бељаковце во најголем дел е завршена експропријацијата и оти во финална фаза се на потпишување на анекс на договорот за завршување на делницата од 16 до 18 месеци.
„Оваа делница требаше да биде готова во септември 2016 година. Надминати се проблемите во делот на експропријацијата. Со потпишување на овој анекс и согласно роковите коишто ќе бидат дадени со изведувачот, овој проблем ќе биде целосно решен“, рече Сугарески.
За третата делница од Крива Паланка до бугарска граница се обезбедени 60 милиони евра од страна на ЕУ и во набрз рок се очекува да се заокружи целосната финансиска конструкција за оваа делница.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk