Земал кредити со лажен потпис заложувајќи оранжериски хали

01.11.2013 15:39 | KumanovoNews

 Д.П.(45) од Куманово, претседател на УО на ЗИК Оранжерии, ја злоупотребил службената положба и  земал 5 кредити за кои како гаранција за враќање ги заложил оранжериските халите.

Земал кредити со лажен потпис заложувајќи оранжериски хали

Злоупотребата се случила во 2004 и 2005 година, кога во тогашната Комерцијално инвестициона банка Д.П. ги земал кредитите на име на ДПТУ“Градинар“ ДОО Скопје каде имал полномошно за потпишување договори. Едниот од 5 - те кредити бил од програмата за Меѓународен фонд за развој на земјоделството - ИПАРД.  Д.П. ја злоупотребил службената положба со тоа што направил фиктивна одлука на управен одбор, сам ја потпишал и заверил.

Бидејќи само мало дел од кредитите се вратени, банката ја активирала хипотеката и оранжериските хали се продадени на друга фирма од Куманово. Откако АД ЗИК “Оранжерии“ останал без халите вредни 81.624.500 денари, во 2009 година отишол под стечај.

Д.П. ќе одговара за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување службена исправа“.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на економски криминал за што му биле поднесени 8 кривични пријави за “злоупотреба на службена положба“, “даночно затајување“, “фалсификување или уништување деловни книги“, “неизвршување на судска одлука“ и “фалсификување исправа“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk