Земјоделците аплицираат за субвенции

03.05.2012 11:37 | KumanovoNews

 Почнувајќи од утре, во просториите на Здружението на земјоделци Куманово ќе се потполнуваат обрасци за добивање на земјоделски субвенции.

Земјоделците аплицираат за субвенции

Сите фирми и поединци треба да поднесат фотокопија од лична карта, потврда за трансакциска сметка,  и зависно дали се работи за растително или сточарско производство , потребен е имотен лист, потврда за предадено млеко и слично. За растително производство рокот за аплицирање трае до 31 мај, а за сточарите до крајот на август. Млекопроизводителите треба да поднесат документи најдоцна до крајот на јуни.

Право на сувбенции имаат и пчеларите со над 35 плечни семејства. За да ја докажат сопственосат тие ќе треба да извадат потврда од ветеринарка станица или од инспекциска служба - објаснува Стојко Ивановски, секретар во локалното земјоделско здружение.

Тој додава дека преку медиумите и месните заедници сите земјоделци се добро информирани за постапката за добивање на субнеции од државата . Лани ова право го искористиле 8000 земјоделци од Куманово и околината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk