Земјоделците ќе учат за добра земјоделска пракса

10.05.2013 07:51 | KumanovoNews

 Советници од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството ќе ги учат земјоделците како да спроведуваат добра земјоделска пракса.

Земјоделците ќе учат за добра земјоделска пракса

Новата мерка започна со примена од почетокот на месецот, а има за цел да ги потикне земјоделците да произведуваат здрави производи.

Ќе научат земјоделците повеќе за агротехничките мерки, ѓубрење, плодоред, анализа на почва, искористување на водата, каде да се копаат бунари, како да се искористи правилно арско ѓубре. Како да се заоруваат стрништа, како да се обработуваат терени под езрозија, да имаме здрава почва и здрави производи и слично - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развој на земјоделството Куманово.

Три месеци земјоделците од сите села ќе следат обука за добра земјоделска пракса и тоа ќе биде услов за добивање на субвенции.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk