Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделците до 20 февруари можат да аплицираат за мерката 50-50, за купување на земјоделска и приклучна механизација.
Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово ги повикуваат заинтересираните да дојдат кај нив за потполнување на барања. Целта на програмата е фармерите да ја обноват својата механизација со рефундирање на 50 отсто од средствата.
Ова е со цел да имаат помалку трошоци при земјоделското производство и производите што ги имаат да бидат со што подобар квалитет. Критериуми кои треба да ги исполнат барателите се производни капацитети, треба да има хектар и пол со житарица, со житни култури, маслодајни и фуражни и пола декар да има со тутун насадено. Да им кажам на земјоделците кои аплицирале за оваа програма или за другите програми, парцелите кои ги пријавувале до лани, оваа година не можат со истите, треба да имаат други парцели засадено со житни култури, фуражни или со тутун. Нека дојдат кај нас, нема потреба од вадење на многу документи“-изјави Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово.
Лани за оваа мерка аплицирале 35 кумановски фармери, а 15 до 20 од нив успеале со мерката 50-50 да купат нова механизација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk