Земјоделците да ги чуваат сметките за семенски материјал

26.10.2015 08:31 | KumanovoNews

Од Руралната коалиција ги повикуваат земјоделците да ги чуваат сметките за купен семески матерјал бидејќи субвенцијата за семенска пченица , јачмен, тритикале, сончоглед се ставени во една под мерка, а минатата година ова беа две посебни под мерки.

Земјоделците да ги чуваат сметките за семенски материјал

“Ваквата подмерка сигурно ќе биде и за сезоната 2015/2016 и затоа апел до земјоделците при купување на семенска пченица, јачмен, тритикале и други полјоделски култури задолжително да земаат фискални сметки и сметкопотврди како доказ за купување сертифициран семенски материјал. Земјоделците кои не користеле семенски материјал, а имаат пријавено субвенции по хектар оваа година ќе добијат 1 000 денари помалку во споредна со лани, бидејки за 2015 година субвенциите по хектар се намалени од 9 000 денари на 8 000 денари“ - вели Трајан Димковски од Рурална коалиција.

Димковски вели дека и оваа година ќе биде неизвесна за производителите на житарици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk