Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделците да се фокусираат на органско производство и да ги искористат поволностите кои државата ги нуди.
Ова денеска им беше порачано на земјоделците, на предавање организирано од Федерација на органски производители на Македонија. Тие истакнаа дека државата нуди од 50 до 100 отсто повисоки субвенции за органско производство, а потрошувачите веќе ја препознаваат разликата и бараат органски производи.
Свеста за тој начин на исхрана се зголемува и во Македонија, и веќе постојат сериозни алтернативи за продажба на ваквите производи. Во кумановско имаше во минатото повеќе, сега е намален бројот и се надеваме дека со новата ситуација ќе се зголеми. Целта ни е да го поттикнуваме развојот на органското земјоделство. Тоа не е нешто невозможно, не е тешко - изјави Горан Ангеловски, извршен директор на Федерација на органски производители на Македонија.
Дел до присутните земјоделци, фармери, пчелари веќе се занимаваат со органско производство, и сметаат дека е потребна промоција на ваквите производи.
Органски произведувам мед, матичен млеч, полен. Без пестициди, без препарати, исхраната и пашите се органски. Слабо купуваат, најверојатно не се добро информирани купувачите и треба повеќе пропаганда - рече Новко Величковски, пчелар.
Органски произведената храна е здрава и нејзиното производство не ја загадува околината, бидејќи нема употреба на пестициди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk