Земјоделците се едуцираа за мерни инструменти, био ѓубриво и даноци

27.11.2015 11:45 | KumanovoNews

Кумановските земјоделци денеска следеа предавање на три теми и тоа мерни инструменти, био ѓубриво и даноци.

Земјоделците се едуцираа за мерни инструменти, био ѓубриво и даноци

Предавањето го организираше Здружението на земјоделски производители, за да се запознаат нивните членови со новитетите од земјоделската дејност.

Без тие инструменти се прават големи промашувања и доаѓа до големи загуби. Затоа ние сакаме со оваа едукација да им помогнеме на нашите земјоделски производители полесно и подобро да ги соберат своите плодови. За втората тема био ѓубриво тоа е исклучиво еколошко, од лисја или од растително потекло. Ова ѓубриво ќе го третираме на три локации во Младо Нагоричане, на пченица или јачмен,  на пиперки во Ново Село и во Пчиња. Опити ќе направиме на сите три места, опфаќаме една поширока територија - изјави Момчило Трајковски, претседател на Здружението на земјоделски производители Куманово.

Кармен Каитозис од Агромер трејд од Скопје ги презентираше инструментите за одредување на параметри за почва, житарици, млеко, вино, тутун и други култури.

Имаме заштитни огради за заштита од крадци или за ограничување на движењето на животните во одреден простор. Електрични огради се користат и кај пчеларите, за да ги заштитат пчелите од мечки. Имаме најново и термички светилки, за живинарски и свињарски фарми. Имаат заштеда до 45 отсто, имаат подолг век на траење од обична светилка - рече Каитозис.

Фармерите дошле за да се информираат за она што е актуелно и да прашаат за она што ги интересира од даночна сфера. Зоран Трајковиќ од село Четирце рече дека одгледува добиток и мора да ги следи современите текови во оваа дејност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk