Земјоделците во исчекување на првиот снег

22.12.2015 10:12 | KumanovoNews

Земјоделците во кумановско се во исчекување на првиот снег кој е поволен за посевите,  а оваа година доцни.

Земјоделците во исчекување на првиот снег

Снегот е неопходен за влага во почвата и развој на посеаните житарици. Доколку има високи температури и нема снег, може да дојде до појава на штетници и до уништување на житата.

Температурите се околу -1 или -2, зависи од местото. Покрај реките се пониски температурите. Снегот е потребен, затоа што ако има снег ќе има и влага, а ако се продолжи со овие мразеви може да дојде до губење на влагата и уништување на житата. И земјоделците треба да прават проверка, да ги посетуваат житата да видат да не се појавил штетникот забрус - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје велат дека до Нова година нема да има снег, а за понатаму не се знае.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk