Земјотрес ноќеска почувствуван во Куманово

23.09.2024 08:22 | KumanovoNews

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала е почувствуван ноќеска во Скопје и Куманово.

Земјотрес ноќеска почувствуван во Куманово

Епицентарот на земјотресот е на 22 километри источно од Скопје во општината Петровец, на длабочина од 7 километри.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, во 2.02 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во официјалното соопштение.

И граѓаните на Куманово го почувствувале земјотресот, кој го оценуваат како краток, но силен. 

Засега нема информации за причинета материјална штета.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk