Земјотрес во Косово, почувствуван и во северниот дел на земјата

17.07.2025 08:22 | KumanovoNews

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија синоќа во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6.

Земјотрес во Косово, почувствуван и во северниот дел на земјата

Земјотресот бил почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk