Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

31.07.2022 10:37 | KumanovoNews

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира земјотрес со епицентар на 26 километри североисточно од Скопје во Косово.

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Земјотресот бил во близина на Урошевац, а силно се почувствувал во тетовско.

Според податоците со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk