Земјотрес во западниот дел на Македонија, почувствуван и во Куманово

11.11.2020 07:54 | KumanovoNews

 Земјотрес со јачина од пет степени според локална Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија.

Земјотрес во западниот дел на Македонија, почувствуван и во Куманово

Земјотесот којшто се случи во 4.54 часот е почувствуван на цела територија на земјава.

Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје на подрачјето на Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Скопје, Прилеп и Битола. Нема информации за материјална штета.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk