Земјотресот во Црна Гора почувствуван и во Куманово

14.03.2024 10:08 | Сузана Николиќ

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скала ја погоди Црна Гора утрово во четири часот и шест минути, а тресењето се почувствува и во Македонија.

Земјотресот во Црна Гора почувствуван и во Куманово

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, епицентарот на земјотресот се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда M L 5.3.

„На територијата на нашата земја, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката. Во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала“, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk