Жена од Гиновци намерно си ја запалила сопствената куќа

21.07.2022 20:10 | Жаклина Цветковска

Кривична пријава против Д.А.(35) од с.Гиновци, општина Ранковце, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност".

Жена од Гиновци намерно си ја запалила сопствената куќа

На 16.06.2022 во семејната куќа во с.Гиновци, пријавената со умисла предизвикала пожар и го довела во опасност животот на членовите на семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk