Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една жена е потешко повредена, а три лица поминале со полесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот Трета МУБ.
Сообраќајката се случила во 21.15 часот, кога автомобил, „југо корал“ управуван од Р.К.(30) и „шкода фелиција“, која ја возел З.П.(38) се судриле.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М. сопатничка во „југото“, а полесно се повредени возачите и уште една сопатничка.
Полицијата узвршила увид на лице место по што ќе бидат познати причините за сообраќајната несреќа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk